Барселона потврди дека Френки де Јонг има повреда на потколеницата, а Роналд Араухо ќе мора да оди на операција поради скршеница на раката. Ова се два големи нови проблеми за Чави во пресрет на продолжението на сезоната во Ла Лига.
Де Јонг и Араухо беа заменети за време на Купот натпреварот против Линарес во средата. Араухо ќе биде под нож утре и најверојатно ќе биде надвор од терените неколку недели. Де Јонг би требало побрзо да се врати во игра, но Холанѓанецот нема да биде достапен за саботниот натпревар против Гранада во Ла Лига.