Откако Новак Ѓоковиќ се жалеше на укинувањето на визата и забраната за престој во Австралија, федералниот суд во Мелбурн одлучи да го разгледа целиот случај во текот на викендот.
Српскиот тенисер престојува во еден од имигрантските хотели каде што ќе остане во следните три дена додека не се донесе конечна одлука. Бидејќи судијата Ентони Кели не ја доби целата потребна документација, беше одлучено пресудата да биде изречена во понеделник.
Кели рече дека адвокатите на Ѓоковиќ треба да достават докази до сабота попладне, а австралиските власти до крајот на неделата сите докази.
Од друга страна светскиот рекет број 1 се соочува со тешка казна, забрана за влез во Австралија во следните три години.
Австралиските медиуми пишуваат дека секоја личност на која му е одземена визата се соочува со ваква казна.
„Доказите во документацијата на Ѓоковиќ по пристигнувањето во Австралија беа слаби и беа поддржани од само еден лекар“, пишуваат тамошните медиуми.
Конечната одлука за евентуална тригодишна забрана за влез во Австралија многу ќе зависи од конечната пресуда на федералниот суд.