Кога се има пари тогаш се е полесно. Се разбира дека мислиме пред се на Њукасл, клуб кој од пред неколку месеци е под “капата“ на Инвестицскиот фонд на С. Арабија. Па така денеска, како што пренесуваат медиумите во Англија, челниците на Њукасл упатиле официјална понуда до Фиорентина вредна дури 70 милиони евра. И тоа се со цел уште во зимскиот преоден рок да го доведат српскиот напаѓач кој е трансферна цел на повеќе големи европски клубови.