Брегалница и Секуловски се разделија

500

Брегалница пред стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот постигна договор за спогодбена разделба со досегашниот шеф на стручниот штаб, Марјан Секуловски. Разделбата е на барање на Секуловски, поради лични причини, и покрај искрената желба од двете страни за продолжување на досегашната повеќе од успешна соработка.

„Комплетниот колектив на ФК Брегалница, почнувајќи од сопственикот, раководството па се до фудбалерите, искрено благодари на Секуловски за се што направи за клубот во изминатиов период.

Под водство на Марјан Секуловски, Брегалница несомнено беше подигната на ниво повисоко во фудбалскиот развој издвојувајќи се во елитата на домашната фудбалска сцена. Со Секуловски на чело на екипата, како исклучително докажан фудбалски стратег, беше изборен пласман во Првата македонска фудбалска лига, а изминатава полусезона со освојувањето на четвртото место по есенскиот дел од ПМФЛ беше запишан најдобриот резултат во историјата на клубот.

ФК Брегалница му посакува многу успех на Марјан Секуловски во иднина, низ желбата за повторно активирање во професионалната кариера“, се вели во соопштението на Брегалница. 

ПретходноМарко Миркуловски ја промовираше книгата – „Пенал за финале“
СледноВандалски чин на стадионот на Чаир: Демолирана новата ложа! (ФОТО)