Александар Васоски ќе ја има својата прва интернационална тренерска авантура. Спортмедиа дознава дека досегашниот тренер на Академија Пандев е нов кормилар на босанскиот гигант Сараево. Васоски неколку дена беше во интензивни преговори со овој клуб, беше и на лице место што се вели, па очигледно дека преговорите вродиле со плод.
Сараево во моментов е без тренер, и одлуката кој да седне на „жешкото столче“ не беше лесна. Ова е клуб кој е со сериозна традиција, армија на навивачи, каде што да се биде тренер воопшто не е лесно, па токму и затоа Васоски што се вели поинтензивно бил скениран извесен период.
Сепак, неговата досегашна тренерска кариера е само за пофалба, затоа што и со Вардар, а и со Академија Пандев имаше само добри резултати и успеси. Во следните ден два би требало да има и негова официјална промоција во клубот.