„Дејли Меил“: Крег Тејли е виновен за ова што му се случува на Новак

1264

Британски „Дејли Мејл“ ги објави деталите од писмото што сојузниот министер за здравство на Австралија го испратил до Тениската асоцијација и организаторите на Австралија опен.

Во електронската пошта се наведува дека доколку тенисерот се заразил со коронавирус, тоа не е доволно за медицинско ослободување. Британците наведуваат дека тоа е главниот проблем зошто Ѓоковиќ не можел да влезе во Австралија.

Министерот Грег Хант испратил електронско писмо во ноември до извршниот директор на Австралија опен, Крег Тејли и го предупредил на овој детал.

„Австралиската гранична стража ги советува луѓето да бидат целосно вакцинирани, како што е препорачано од ATAGI (Националната управа за вакцини) за да можат слободно и без карантин да влезат во земјата. Што се однесува до вашето конкретно прашање, можам да потврдам дека луѓето кои имале прележување на вирусот во „последните шест месеци, а сакаат да дојдат во Австралија од други континенти, но не примиле две дози од вакцината одобрена кај нас, нема да се сметаат за целосно вакцинирани“, предупредил Хант пред два месеци.

Така, Австралија опен имаше време да го предупреди Ѓоковиќ и другите тенисери кои ќе побараат лекарско ослободување. Крег Тајли не го направил тоа и тој е директен виновник за се што сега му се случува на Ѓоковиќ, пишува „Дејли Мејл“.

ПретходноКобајаши е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“
СледноМилан им се врати на победите (ВИДЕО)