Екс-претседателот на ФФМ нов тренер на Брегалница

1716

Поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е нов шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница.

По разделбата со Марјан Секуловски, раководството на штипските „сини“ се одлучи во насока на дополнителен фудбалски развој на клубот да донесе докажано име на клупата на тимот, со што клубот дополнително покажува за интенцијата да биде на самиот врв во македонскиот фудбал.

„Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина“, истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски.

Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има две шампионски титули во македонското првенство, со Македонија ЃП и со Вардар,  ја предводеше и Фудбалската Федерација на Македонија.

„Без сомнение, Брегалница добива шампионски шмек со ангажманот на Ѓорѓиоски. Трофеите во македонскиот фудбал, но и фактот дека ја препороди Фудбалската Федерација на Македонија во нејзините најтешки години, доволно зборува за тоа какво име доаѓа на чело на тимот на Брегалница“, вели спортскиот директор на „сините“, Никола Тонев.

Илчо Ѓорѓиоски деновиве ќе го преземе тимот низ подготовките за стартот на вториот дел од сезоната

ПретходноВандалски чин на стадионот на Чаир: Демолирана новата ложа! (ФОТО)
СледноЃоковиќ останува во Австралија може да се соочи со голема казна