Емполи испушти триумф во 93.минута на „Олимпико“!

162

Каков меч на „Олимпико“? Каков спектакл меѓу Лацио и Емполи, а на крај конечни 3:3. Гостите веќе во 8.минута имаа 0:2 со головите на Бајрами и Зурковски, додека Имобиле намали на 1:2 во таа 14.минута. Вистинска голеада на почетокот на натпреварот.

Во 66.минута домашните преку Милинковиќ – Савиќ израмнија на 2:2, додека Ди Франческо во 75.минута одново му донесе водство на Емполи.

И тогаш драма. Прво во 78.минута ВАР му поништи гол на Лацио, па Имобиле не реализира пенал, за да во 93.минута Милинковиќ – Савиќ ги постави конечните 3:3.

Инаку денеска ова 20.коло во Серија А, започна со лакрдија, Имено гостоте, играчите на Интер пристигнаа на стадионот во Болоња, а домашните ги немаше и тоа поради кризата со Ковид-19. Веројатно трите бода шампионот ќе ги добие на “зелена“ маса.

Калјари како гостиј ја победи Сампдорија со 1:2, стрелци на головите беа Деола и Паволети, а за домашните Габиадини.

Додека Верона славеше со 1:2 кај Специја.

ПретходноСтошиќ го засили Вардар
СледноПрва изјава на Васоски како тренер на Сараево: Доаѓам во голем клуб со супер навивачи!