За да не се случи дебакл на ЕУРО, ЕХФ сепак ќе попушти?

326

Дали ЕХФ конечно ќе попушти? Иако е неофицијално, сепак убаво звучи, особено во време кога пандемијата коронавирус одново беснее во светот.

Со оглед на тоа дека голем број на репрезентациите учесници на Европското првенство пријавија позитивни случаи по првото од трите задолжителни тестирања, ЕФХ најверојатно ќе го смени правилото 14 дена задолжителна изолација.

Играчот кој ќе биде позитивен на Ковид-19 ќе оди во изолација пет дена, со два негативни тестови ќе може да му се приклучи на својот национален тим, објави “handball planet”.

Останува да видиме дали оваа информација ќе стане и официјална.

ПретходноНишто ново… и Гвардиола позитивен на Ковид 19
СледноХасани: Се враќам за да Шкендија повторно биде шампион