И Работнички во Анталија, првиот тест во Скопје со „лавовите“!

896

Од сабота, екипата на Работнички ќе биде во “погон“. Имено стартуваат зимските подготовки за тимот од Градски парк. Планот е познат, до 19 јануари ќе се работи во Скопје, за да потоа од 20 до 31 јануари главната фаза се одработи во Анталија, во старата зимска база на “романтичарите“. Во моментов се водат разговори со тоа кој биле спаринг – партнери на четата на стратегот Борче Христов во познатиот спортско туристички центар во Турција.

Инаку првиот тест или пријателски меч, составот на Работнички ќе го има на 18 јануари, значи два дена пред заминувањето во Турција, а ривал ќе биде тимот на Македонија ЃП.

ПретходноЏенова со бод кај Сасуоло, дваесетина минути за Пандев!
СледноАвстралијците со порака до Новак: Не можеш да се влечкаш по светот мислејќи дека си над сите!