Конте: Нема основа за споредба меѓу нас и Челзи

181

Синоќа тимот на Челзи на супериорен начин го совлада Тотенхем во рамките од прото полуфинале во ФА купот со конечни 2:0. Челзи поведе рано, до полувреме имаше 0:2, а потоа рутински го одведе дуелот во своја полза.

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте призна по мечот, дека едноставно неговиот тим е далеку во однос на Челзи.

„Челзи беше подобриот тим од првата минута. Многу се намачивме во првото полувреме, но сепак играме против еден од најдобрите тимови во светот и нема основа за споредба со нашиот тим. Видовме колку е голема разликата помеѓу двата тима. Свесен сум за ситуацијата, знам дека имаме многу да стигнеме на тоа ниво“, изјави Конте па додаде.

„Потребно е трпение. Во последните години нивото на Тотенхем многу падна и сега мораме да се бориме на секој натпревар за да победиме. Имаме многу работа пред нас. Ќе се обидеме да го подобриме пласманот во Премиер лигата, но ние сме уште далеку од вистинското ниво“ – додаде Конте. 

ПретходноПаричката падна кај Мартин Серафимов
СледноОфицијално: Буба Хасани се врати во Шкендија (ВИДЕО)