Марко Миркуловски ја промовираше книгата – „Пенал за финале“

712

Марко Миркуловски, поранешниот ракометен голман и истакнат спортски работник ја промовираше својата книга „Пенал за финале“. Истата е посветена на генерацијата која на младинското Европско првенство во Полска во 2002 година го освои четвртото место, а имаше шанса да се најде во финалето.

Миркуловски беше дикректор на оваа репрезентација од која низ годините излегоа голем број на лидери во сениорскиот тим. Истата беше составена од неговиот син Филип, Горан Кузмановски, Борко Ристовски, Мите Стоилов…предводник беше Илија Темелковски.

На промоцијата беа дел од тогашните репрезентативци, сегашното раководство на РФМ, Кирил Лазаров и дел од неговиот стручен штаб. Во кинатата е опишано целото патешествие на тоа Европско првенство. Тие почнаа како аутсајдери и натаму се сопственици на најдобриот репрезентативен резултат – полуфинале на континентално натпреварување.

„Поради пандемијата многу луѓе кои требаше да се тука не можеа да дојдат. Ракометот за мене е голема работа целиот живот. Оваа генерација го направи најголемиот успех за македонскиот автор“, изјави Миркуловски. 

ПретходноСе огласи Надал: Сè е грубо, но Новак сам одлучи! Вакцинирајте се!
СледноБрегалница и Секуловски се разделија