Најпознатиот антиваксер се врати на терените (ВИДЕО)

305

Кајри Ирвинг го одигра првиот овосенски натпревар за Бруклин Неттс и му помогна да дојде до победа над Индијана од 129-121 по пресврт во последната четвртина.

Ирвинг запиша 22 поени со 9/17 реализација, четири асистенции, три скока и една украдена топка, како и една блокада. На теренот делуваше како да немал долга пауза.

Тој е еден од 3% од играчите кој не е вакциниран, но нема среќа, бидејќи игра за тим од Њујорк, град кој на невакцинираните не им дозволува да се влегуваат во затворени простории, вклучувајќи ги и мечевите.

Нетси на почетокот делуваа добро без него, но на крајот на година поради бројни позитивни случаи на Ковид-19 и повреди, одлучија да му дадат шанса да се приклучи на тимот за гостинските мечеви.

Прв стрелец кај Нетси беше Кевин Дурент со 39 поени, осум скока и седум асистенции, Џејмс Харден имаше 18 поени. Нетси имаат скор од 24-12, но и натаму е зад Чикаго кој има скор од 25-10 и го држи лидерското место во Истокот.

Резултати:
Орландо – Филаделфија 106: 116
Вашингтон – Хјустон 111: 114
Шарлот – Детроит 140: 111
Бостон – Сан Антонио 97:99
Далас – Голден Стејт 99:82
Индијана – Бруклин 121: 129
Милвоки – Торонто 111: 117
Минесота – Оклахома Сити 98:90
Денвер – Јута 109:115
Портланд – Мајами 109: 115
Сакраменто – Атланта 102: 108

ПретходноПроблемите не го прескокнаа ниту Ивица Обрван
СледноПоради корнавирус одложен уште еден меч во Серија А