ПСЖ подготвува трансфер тежок 300 милиони евра

1556

ПСЖ на лето сака да го донесе Ерлин Халанд, чиј договор ќе тежи 300 милиони евра. За што точно станува збор?

ПСЖ би платил 75 милиони евра на Борусија Дортмунд за услугите на Халанд плус одредени бонуси кои би биле договорени подоцна. Исто така, 20 милиони би отишле кај Мина Раиола, менаџерот на Халанд, а 20 милиони кај таткото на Елринг, Халанд Постариот, кој е еден од застапниците на норвешкиот напаѓач.

Според споменатите бројки, ПСЖ на Халанд му нуди годишна плата од 30 милиони евра која би изнесувала 180 милиони за шест години. Кога ќе додадеме 105 милиони на тие 180 милиони што одат за Борусија, Раиола и Халанд сениор, доаѓаме до сума од 285 милиони евра, а бонусите за Дортмунд сигурно би изнесувале околу 20 милиони, што значи дека на крајот ќе стигнеме до цифра од 300 милиони евра.

Халанд за новогодишните празници изјави дека кариерата ја продолжува во Шпанија, па повеќето го видоа во дресот на Реал Мадрид, но по оваа понуда од ПСЖ ќе има повеќе размислувања и шпекулации.

Нема сомнеж дека не очекува возбудливо лето кога е во прашање иднината на овој одличен норвешки напаѓач.

ПретходноХасани: Се враќам за да Шкендија повторно биде шампион
СледноБарселона зимава го носи Јулиан Дракслер