Новак Ѓоковиќ остана заглавен на аеродромот во Мелбурн, откако австралиските власти му ја одбија визата поради неисполнување на условите за влез во нивната земја. Српскиот тенисер кој не обезбедил докази со кои ќе го поткрепи медицинското ослободување за невакцинација денеска ќе се појави на суд кој ќе одлучува по жалбата на неговите адвокати.
Додека трае неизвесноста во јавноста се огласи Рафаел Надал, кој ја коментираше ситуацијата.
“Не знам. Се разбира, се што се случува не е добро. Сепак, не можам да имам јасно мислење за се. Немам увид во деталите”, изјави Надал и додаде:
„Сè е грубо и, на крајот на краиштата, единствено што можам да кажам е дека сите поминуваме низ тежок период. Многу семејства страдаа во текот на овие две години од пандемијата. Нормално е луѓето во Австралија да бидат фрустрирани затоа што минуваат низ многу тешко заклучување. Многумина не можат да се вратат дома. Единствено во што верувам, слушајќи ги тие што знаат медицина, е дека сите треба да се вакцинираме. Тоа е мое мислење. Двапати се вакцинирав. Ако сите го направат тоа, нема да биде проблем да се игра никаде“.
Надал тврди дека вакцинацијата е неопходна.
„Тоа е јасно. Не можам да зборувам за другите додека не ги добијам сите информации. Светот доволно страдаше. Вакцинирајте се. Да сакаше, Новак немаше да има проблем да игра во Австралија. Тој одлучува за себе. Секој е слободен да донесат свои одлуки, но потоа има некои последици, нели?“