По пријателската средба меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, денеска нема да се одигра уште еден подготвителен меч пред стартот на Европското првенство. Причината за одложување на вториот дуел меѓу Словенија и Италија е Ковид-19.
Во таборот на италијанската репрезентација има позитивни случаи, причина поради која не се одигра ниту првата средба. Па Љубомир Врањеш и неговите момци ќе бидат без последните „тест“ контроли пред пресметката со Македонија во Дебрецен, закажана за 13. овој месец.
На седум дена пред почетокот на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка, голем број на репрезентации по првото од трите задолжителни тестирања се соочуваат со ковид-проблеми, прашање е со каков состав ќе настапат сите учесници, бидејќи треба да направат уште две тестирања.
Новиот сој на омикрон зеде голем замав во светот, бројките на позитивни лица се застрашувачки.