Спорт Италија: Елмас по втор пат позитивен!?

434

Можно ли е Елиф Елмас по само два дена откако беше објавено дека е негативен повторно да биде позитивен на Ковид!? Нашиот интернационалец пред два дена и официјално беше негативен, па автоматски и се најде во составот на Наполи, за вечерашниот меч против Јувентус, но на денешните официјални пцр тестови пред мечот, според Спорт Италија, токму Елмас повторно е позитивен.

Сеуште се чека на официјализација на оваа информација, од страна на Наполи, но како стојат работите во моментов нашиот репрезентативец повторно ќе оди во изолација.

ПретходноШкупи посилен за Патрик Менса
СледноПаричката падна кај Мартин Серафимов