Одбојкарскиот клуб Вардар за кратко време ја пронајде замената на испразнетото место на позицијата техничар во тимот, откако предвреме го раскина договорот со интернационалецот од Азербејџан, Роман Гурски.
На оваа позиција во редовите на Вардар доаѓа добро познато име од нашите простори, кој првиот дел од сезоната го мина во тимот на Универзитет од Тетово.
Станува збор за поранешен репрзентативец на Македонија со големо интернационално искуство. Тој е Марко Јуниор Стошиќ и во својата кариера има настапувано за тимови од Словенија, Австрија, Франција и Катар, за да по заминувањето во странство се врати во Македонија и оваа полусезона ја мина во тимот од Тетово.
Марко Јуниор Стошиќ ќе биде огромно засилување за ОК Вардар во пресрет на вториот дел од сезоната во нашиот шампионат, со што му дава голема шанса на клубот да се бори за што подобар пласман, но и за титулата оваа сезона.
Раководството на клубот во официјалното соопштение му посака добредојде на Марко и одлични партии во црвено-црниот дрес.