Хасани: Се враќам за да Шкендија повторно биде шампион

696

Ферхан Хасани од денеска и официјално повторно е дел од Шкендија. Капитенот на „црвено – црните“ од Тетово по шестемсечна пауза повторно е активен и повторно во дресот на својот омилен, матичен клуб.

„Се враќам за повторно да бидеме шампиони. Затоа што Шкендија, Тетово и Балистите тоа го заслужуваат. Среќен сум што се враќам затоа што Шкендија е мојот клуб, клубот каде што пораснав и кој што е во моето срце. Освојувавме титули заедно се радувавме, игравме во Европа. Верувам дека се вратив во вистинско време. Во последните три години додека не бев дел од Шкендија, стекнав големо искуство, а овие нови искуства ме направија уште посилен. Очекувам што побрзо да започне пролетната сезона и да почнам да играм во дресот на Шкендија, истакна Хасани при потпишувањето на договорот.

 

ПретходноЗа да не се случи дебакл на ЕУРО, ЕХФ сепак ќе попушти?
СледноПСЖ подготвува трансфер тежок 300 милиони евра