Хрватите добија одговор: ЕХФ засега нема да менува ништо – правилото 14 дена останува!

332

Европската куќа на ракометот засега не планира да промени ништо во однос на правилата кои сите федерации ги добија на речиси два месеци пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Она што најмногу им смета на сите учесници е што еден позитивен ракометар на континенталното натпреварување ќе може да се приклучи после 14 дена по направениот тест. Хрватската федерација беше убедена дека два негативни теста ќе бидат доволни за право на настап.

Сепак од ЕХФ добија категоричен одговор, дека правилата не се променети, остануваат исти.

„Правилото за закрепнување од коронавирус од 14 дена важи за сите, без оглед на варијантата на вирусот со кој е заразен играчот. Сите федерации добија хигиенски протокол кон крајот на ноември. Во сегашната ситуација, тоа е, се разбира, „жив“ документ , но сепак ништо не е променето од неговото објавување“, рекоа од ЕХФ за „спортнет.хр“.

Хрватска ќе остане без Циндриќ и Дувњак, кои беа позитивни на 4. овој месец, што значи дека на својата земја ќе можат да и се приклучат во втората рунда.

Утре ќе бидат направени вторите задолжителни тестирања, да се надеваме дека Македонија комплетна и здрава ќе се замине во Дебрецен.

ПретходноСловенците останаа без вториот „тест“ пред дуелот со Македонија
СледноШкупи посилен за Патрик Менса