Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, вечерва во интервју за словенечките медиуми, остро го нападна однесувањето на австралиските власти кон најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
„Можам да го коментирам она што го знам од медиумите. Моја проценка е дека ако на Новак Ѓоковиќ, кого лично го познавам, австралиските власти му одобриле исклучок, тогаш е сосема бесмислено што сега се обидуваат да го исфрлат на популистички начин, односно тие практично веќе го исфрлија. За мене тоа е некоректно. Исклучоците очигледно постојат и зошто претходно не му кажале дека не сакаат, дека не може, дека неговиот случај не е опфатен како исклучок. Јас тоа не го разбирам. Тоа го гледам како популистички настап на австралиските власти во моментот, кога видеа дека на луѓето не им се допаѓа тој исклучок. Апсолутно не се сложувам со тоа“, изјави првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, во интервју за словенечките медиуми.