Досегашниот играч на тимот на „Heart of lions“ во Гана, Патрик Менса е нов член на тимот на Шкупи. Сега веќе актуелниот есенски шампион се засилува на позицијата последен играч за врска со уште еден Арфиканец, затоа што очигледно дека сите играчи кои пристигнаа од овој контитнент на Чаир изминатиот период се покажаа како топ засилувања.
Менса ќе треба да е засилување, или пак замена за Али Адем, кој има актуелен договор со тимот на Арис од Грција и не се знае дали во пролетниот дел од сезоната ќе биде дел од Шкупи. Токму затоа управата на Чаирчани не остава ништо на случајот и носи нов играч за врска.
Менса е во моментов член на репрезентацијата на Гана до 20. години.