Јуве и Наполи поделија по бод во Торино (ВИДЕО)

298

Дербито на 20. коло во Серија А заврши без победник. Јувентус и Наполи одиграа 1:1 и поделија по еден бод.

Наполи одлично го отвори мечот и уште во првите дваесет9ина минути создаде две убави шанси. Конечно, Мертенс успеа да реализира во 23. минута и да ги доведе гостите во предност од 1:0 со која се замина и на пауза.

Јувентус во вториот дел играше многу поцврсто и решително. Успеа да создаде неколку добри прилики, за конечно во 54. минута со еден прекрасен гол на Киеза да израмни на 1:1.

Елмас од клупата доби шанса во 76. минута, но и покрај желбата на двата тим до крајот не видовме победнички гол.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНигерија остана и без Игало за КАН 2022
СледноЧеферин во одбрана на Ѓоковиќ: Ова е чист популизам, тотално бесмислено од австралиските власти!