И официјално: Пет дена карантин и два негативни теста, па ќе играш на ЕП!

295

Она што се најавуваше сега е и официјално. Европската ракометна федерација и дефинитивно ги смени правилата во врска со позитивните на Ковид-19 за настап на претстојното ЕП во Унгарија и Словачка.

Имено сега секој што е позитивен на тестот, ќе може да биде во карантин само пет дена, досега беа 14 денови. Откако ќе заврши со карантин, играчот ќе мора да има и два негативни теста и така ќе може да игра за својата репрезентација на ЕП.

Се разбира дека оваа одлука е донесена со цел да се намалат проблемите, ако е тоа можно, во врска со коронавирусот. Речиси и да нема репрезентацијата во која не “беснее“ Ковидот, па затоа е донесена оваа вонредна мерка од страна на ЕХФ.

Инаку ново е тоа што и во случај на проблеми, тогаш секоја репрезентација може да пријави играчи за настап на ЕП од првичниот список од 35 играчи.

ПретходноПрва изјава на Васоски како тренер на Сараево: Доаѓам во голем клуб со супер навивачи!
СледноШкупи го одработи првиот тренинг во 2022 година!