Во контекст на се она што се случува во Премиер лигата деновиве, кога станува збор за Ковид 19, веќе не изненадува никого информацијата која излезе пред малку, а која вели дека Пеп Гвардиола менаџерот на Манчестер Сити е позитивен на последниот ПЦР тест.
Тестовите беа направени по повод утрешниот меч против тимот на Свиндон во ФА Купот, па сега ќе следуваат дополнителни информации што и како понатаму.