Шкендија се пофали претпладнево, Ферхан Хасани и официјално прави кам бек во својот матичен клуб. Каде и да оди Хасани секогаш се враќа во Шкендија, па така и овојпат, по шестмесечната пауза во која не настапуваше никаде.
Хасани е дете на овој клуб, икона на „црвено – црните“ од Тетово, а последно играше во тимот на Партизани Тирана.
Со него Шкендија и тоа како добива на квалитет, затоа што се знае што значи Хасани за овој клуб.