Готово е. Александар Васоски е новиот тренер на Сараево, на “бордо“ клубот од главниот град на БиХ.
Откако се дозна дека Васоски ќе седне на клупата на Сараево, колегата Бакир Тиро, од „Анадолија Агенцијата“ – Сараево, прв му зема изјава.
Па “Спортмедиа“ секако дека ја цитира изјавата на Македонецот за овој медиум.
„Па 99 насто сум тренер на Сараево. Сега останува само некои работи да средам во Македонија“ истакна ексклузивно Васоски за „Агенцијата Анадолија“ – Сараево.
Веројатно тој мисли на тоа дека треба да се раздели од А. Пандев и на каков начин.
“Многу ми значи. Ова е голем клуб, супер навивачи, пехари. Сепак ве молам да почекаме уште малку за ова да биде и конкретно и официјално“ истакна нашиот стратег.