Европската куќа на ракометот засега не планира да промени ништо во однос на правилата кои сите федерации ги добија на речиси два месеци пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Она што најмногу им смета на сите учесници е што еден позитивен ракометар на континенталното натпреварување ќе може да се приклучи после 14 дена по направениот тест. Хрватската федерација беше убедена дека два негативни теста ќе бидат доволни за право на настап.
Сепак од ЕХФ добија категоричен одговор, дека правилата не се променети, остануваат исти.
„Правилото за закрепнување од коронавирус од 14 дена важи за сите, без оглед на варијантата на вирусот со кој е заразен играчот. Сите федерации добија хигиенски протокол кон крајот на ноември. Во сегашната ситуација, тоа е, се разбира, „жив“ документ , но сепак ништо не е променето од неговото објавување“, рекоа од ЕХФ за „спортнет.хр“.
Хрватска ќе остане без Циндриќ и Дувњак, кои беа позитивни на 4. овој месец, што значи дека на својата земја ќе можат да и се приклучат во втората рунда.
Утре ќе бидат направени вторите задолжителни тестирања, да се надеваме дека Македонија комплетна и здрава ќе се замине во Дебрецен.