Андри Шевченко и натаму ќе ја чека својата прва победа како стратег на Џенова во Серија А. Попладнево во меч од 20.коло неговата Џенова одигра на гости кај Сасуоло 1:1. Дестро во 7.минути најави дека можеби ова е меч за победа на Џенова, тој стрелаше за 0:1. Сепак во 55.минута Берарди израмни за конечни 1:1.
Домашниот состав во продолжение од мечот беше подобар, имаше и неколку шанси за гол, но сепак резултатот остана 1:1.
Да споменеме дека Горан Пандев мечот го започна од клупа, во игра влезе во 75.минута на местото на Дестро, ја доби и капитенската лента, но сепак не можеше да му помогне на својот тим да дојде до трите бода.