Берет со звукот на сирената ги сруши Селтикс, Фурние броеше до 41

119

Во Медисон Сквер Гарден екипата на Њујорк Никс успеа да направи сензационален пресврт против Бостон Селтикс и од минус 25 поени да слави на крајот со 108:105. Младиот Канаѓанец Ер Џеј Берет со тројка со звукот на сирената ја донесе победата за Никси, а покрај него се истакна и францускиот репрезентативец Еван Фурние кој постигна 41 поен и 10 тројки што се рекордни бројки за него во НБА кариерата.

Никси го впишаа 19-тиот триумф (20 порази) додека Бостон има 21 пораз. Инаку успеаа да го направат најголемиот пресврт после оној во 2004 година кога надополнија 26 поени негатива против Милвоки.

На другите мечеви Мемфис славеше над Детроит со 118:88, а Њу Орлеанс го победи Голден Стејт со 101:96. Финикс Санс беа подобри од ЛА Клиперс со 106:89.

ПретходноСерхио Агуеро се враќа во Манчестер Сити
СледноМурињо го провоцираше Милан: Среќен сум што одбив да ви бидам тренер