Болоња – Интер со службени 0:3 за гостите!?

1351

Интер може да дојде до официјална победа против тимот на Болоња за вчерашниот натпревар кој не се одигра. Истиот не се одигра бидејќи домаќините не добија дозвола за патување до стадионот од локалните здравствени власти во Болоња. Според правилата, „нероаѕурите“ извојуваа службена победа, но нивниот противник може да поднесе жалба и мечот да се преигра, како што се случи со мечот Јуентус – Наполи минатата година.

Сепак, случајот во Болоња е поинаков и Интер може без играње да стигне до трите бода. Според Газета дело Спорт, управата на Болоња испратила состав за натпреварот ден пред натпреварот и истиот бил поставен во системот. По забраната од локалните здравствени власти, тие заборавија да го отстранат составот од системот.

Така тој се официјализираше еден час пред закажаното време за почеток на натпреварот и стигна дури до главниот судија Џовани Аиролди. Од штабот на Болоња се обиделе да му објаснат на судијата дека документот е само провизорен состав и дека не е официјалниот и дека е случајно останат во системот. Спортски судија однос но арбитража ќе донесе одлука за случајот, но тоа може да биде проблем во случај на жалба.

ПретходноРакип во Малме доби тренер од Србија
СледноРаботнички остана без еден странец!