Мурињо го провоцираше Милан: Среќен сум што одбив да ви бидам тренер

563

По поразот на Рома од Милан на „Сан Сиро“ (3:1) португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо изјави дека е двојно среќен што пред три години ја одбил понудата на Милан. Тој посочи дека за таа понуда размислувал три дена, но сега е среќен што ја одбил можноста и што во април оваа година прифатил да биде тренер на Рома, односно да се врати во Италија по 10 години.

Ова Жозе го кажа на пресконференцијата по поразот на „Сан Сиро“ веројатно сакајќи да го испровоцира домашниот тим и неговите навивачи.

Пред три години ми беше понудено да работам како тренер на Милан. Размислував три дена и среќен сум што ја одбив понудата. Професионалец сум, но се уште имам емоции и тоа што можам да кажам е дека ја сакам Рома и дека ќе дадам се од себе за овој клуб. Гледајќи го она што вечерва се случи, а тоа се свирежи упатени кон мене, двојно сум среќен поради својата одлука пред три години“, изјави Мурињо кој беше тренер на Интер со кого освои тројна круна во сезоната 2009/10.

ПретходноБерет со звукот на сирената ги сруши Селтикс, Фурние броеше до 41
СледноПо Инсиње уште еден италијански фудбалер оди во Торонто