Покетино си оди, Зидан од наредната сезона на кормилото на ПСЖ

232

Маурицио Покетино нема уште долго да се задржи во Пари Сен Жермен. Тој ќе ја доработи сезоната, а на негово место ќе седне Зинедин Зидан, пренесува францускиот новинар Даниел Риоло од радио станицата „RMC Sport“ истиот тој ја имаше и „бомбата“ дека Лео Меси ќе дојде во ПСЖ што на крајот и се оствари.

Според истиот извор, Аргентинецот нема да го продолжи договорот поради несогласувања со спортскиот директор Леонардо, а Зидан, кој е слободен, ќе седне на неговото место и ќе го бира тимот за натпреварувачката 2022/23.

Зидан претходно во два периода работеше во Реал Мадрид. Два пати беше шампион на Шпанија, а трипати ги однесе „кралевите“ до европскиот трон. Два пати и до светската титула.

ПретходноКутињо оди во Астон Вила – Барса ја прифатила понудата на англискиот клуб
Следно„Не можам да играм, птица ми ја посра капата, а немам друга“