На денешното второ тестирање на нашата ракометна репрезентација пред заминувањето на европското првенство позитивни вести. Резултатите на сите ракометари и членови на нашиот стручен штаб се негативни.
Ова е добра вест за нашиот национален тим кој комплетен продолжува со подготовките за шампионатот на Стариот континент.
Следното задолжително тестирање ќе биде в понеделник.