Во Медисон Сквер Гарден екипата на Њујорк Никс успеа да направи сензационален пресврт против Бостон Селтикс и од минус 25 поени да слави на крајот со 108:105. Младиот Канаѓанец Ер Џеј Берет со тројка со звукот на сирената ја донесе победата за Никси, а покрај него се истакна и францускиот репрезентативец Еван Фурние кој постигна 41 поен и 10 тројки што се рекордни бројки за него во НБА кариерата.
Никси го впишаа 19-тиот триумф (20 порази) додека Бостон има 21 пораз. Инаку успеаа да го направат најголемиот пресврт после оној во 2004 година кога надополнија 26 поени негатива против Милвоки.
На другите мечеви Мемфис славеше над Детроит со 118:88, а Њу Орлеанс го победи Голден Стејт со 101:96. Финикс Санс беа подобри од ЛА Клиперс со 106:89.