Без посебни проблеми, иако беа и без неколку првотимци и без менаџерот Пеп Гвардиола поради позитивните тестови на коронавирусот, шампионите на Англија, Манчестер Сити успеаја да дојдат до убедлива победа на гостувањето кај четвртолигашот Свиндон од 4:1 и да обезбедат 1/16-финале во ФА Купот.
Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Силва (14′), Г. Жезус (28′), Гундоан (59′) и Палмер (82′), додека единствениот почесен гол за Свиндон беше дело на МекКирди (78′).
За одбележување е и промашениот пенал на Габриел Жезус во 62. минута.