Лука Циндриќ и Домагој Дувњак, двата најдобри ракометари на Хрватска и натаму се во изолација, откако на првото тестирање беа позитивни на Ковид-19.
Од таборот на овој национален тим известија дека Циндриќ нема симптоми и се чувствува добро, додека пак Дувњак има благи симптоми. Добро е познато дека ЕХФ ги промени правилата, откако голем број на репрезентација пријавија позитивни играчи на Ковид-19 по првите од трите задолжителни тестирања.
Со изолација од пет дена и два негативни теста ракометарите ќе можат да им се приклучат на своите тимови на Европското првенство кое почнува на 13. јануари.
Но, докторот на хрватската репрезентација вели дека и со два негативни теста двајцата ракометари не значи дека ќе можат да играат. Мора да бидат внимателни, не смее да се ризикува, мора да бидат психички и физички подготвени, а за тоа ќе одлучи лекарскиот тим.
„Поради медицинска претпазливост, два негативни теста не значат секогаш дека играчот ќе биде способен за игра, тоа дополнително ќе го проверуваме. Можат да бидат во таква физичка и психичка состојба која не дозволува да играат. Ние ќе процениме дали можат да играат или не“, рекоа од лекарскиот тим на Хрватска.