Зимскиот преоден рок од 15.01 до 11.02: Засега “бомбите“ се Алими, Гачевски, Хасани, Горгиев, Гафури…

3969

Како што ни е официјално потврдено, зимскиот преоден рок во мак – фудбалот ќе трае од 15 јануари до 11 февруари. Во речиси четири недели ќе може и официјално нашите клубови од ПМФЛ, ВМФЛ и останатите да ги регистрираат своите нови играчи.

Сепак како што е добро познато и пред официјалниот старт на преодниот рок, трансфери веќе наголемо се прават, па така има и неколку “бомби“.

Како прво тоа е сензационалниот трансфер на Арменд Алими од Шкендија во Работнички. Потоа тука е враќањето на Ферхан Хасани во редовите на шампионот кој се засили уште и со Михаил Маневски и Андре Менсалао.

Шкупи засега го ангажира Патрик Менса, младинскиот репрезентативец на Гана. Академија Пандев го “зграпчи“ голгетерот Пепи Горгиев кој имаше понуда и од Струга ТЛ, но сепак се реши да се пресели во Струмица.

Стружани пак се пофалија со Дарко Илиески, а Ренова со Фисник Зука.

Супер интересно ќе биде во преодниот рок и во ВМФЛ – ЗАПАД. А како да не биде ако таму се Вардар, Силекс, Воска…клубови кои не жалат пари за да следната сезона играат во елитата.

Па така нашиот најтрофеен клуб ги врати Филип Гачевски и Дарко Мицевски, тоа се големи, големи засилувања. Додека Воска Спорт “врати“ со бомбастичниот трансфер на Арѓент Гафури од Ренова.

Силекс засега се уште се нема активирано, иако нема да биде изненадување ако успее да доведен барем едно до две квалитетно засилување.

Што да се каже за Гостивар и Беса кои секојдневно промовираат нови имиња.

Во секој случај имаме и ќе имаме бурен зимски преоден рок.

Од трансферите во странство секако дека во преден план е големиот трансфер на Лука Станковски, имено бисерот на Работнички и официјално се пресели во Газиантеп.

Од тренерите Александар Васоски замина во Сараево, на негово место се уште чекаме кој ќе биде во А. Пандев. Додека во Брегалница на местото на Марјан Секуловски, „сините“ изненадија со изборот на поранешниот стратег на Македонија ЃП и Вардар, како екс – претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

ПретходноХаос во селекцијата на Црна Гора, осум нови позитивни на Ковид-19!
СледноМорис го нападна Јокиќ: Тој е дебелко од 136 килограми!