Кутињо оди во Астон Вила – Барса ја прифатила понудата на англискиот клуб

351

Бразилскиот офанзивец Филипе Кутињо се враќа во Премиер лигата, но не во Ливерпул каде што играше претходно туку во Астон Вила. Барселона ја прифатила понудата на клубот од Бирминген за позајмица на Кутињо на 18 месеци (до истекот на договорот со Барса) со што се отвара патот бразилскиот интернационалец да оди во Премиер лигата и да работи со Стивен Џерард кој е тренер на Вила оваа сезона.

Во текот на денешниот дел зделката ќе биде комплетирана, па Кутињо ќе може да биде регистриран за следните натпревари на Астон Вила. Неофицијално, Вила ќе плаќа меѓу 50% и 70% од платата.

И покрај тоа што имаше многу опции, па дури и да се врати во Бразил, но Кутињо одлучи да остане во Европа и да се обиде да ја поврати формата во Астон Вила. Јасно му е дека во Барса нема многу шанса за игра, а и клубот сака да се ослободи од него поради високите финансиски трошоци на клубот.

ПретходноПо Инсиње уште еден италијански фудбалер оди во Торонто
СледноПокетино си оди, Зидан од наредната сезона на кормилото на ПСЖ