Ливерпул е во карантин, но е активен на трансфер пазарот. Водечките медиуми на Островот пишуваат дека „црвените“комплетирале трансфер вреден 70 милиони евра.
Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз, кој оваа сезона игра одлично во дресот на Порто, наводно ќе дојде на „Енфилд“ во наредните денови. Овој трансфер ќе биде од голема корист за Клоп, затоа што Ливерпул ќе биде без Салах и Мане кои одат на Купот на Африканските нации, а Фирмино е далеку од форма.
Веќе на почетокот на декември минатата година, Јирген Клоп изрази желба да го доведе 24-годишниотн напаѓач, кој оваа сезона одигра 24 натпревари за Порто, постигна 14 гола во сите натпреварувања и забележа пет асистенции.