Фудбалерите или сите врвни спортисти веројатно заборавиле кога последен пат се возеле со метро, трамвај или автобус. Тие имаат толку пари па така просто е незамисливо да се возат со градски превоз.
Но така не е со голманот на Милан, 17-годишниот Лапо Нава кој на вчерашното дерби со Рома беше на клупата на еден од најголемите светски клубови. И по мечот, тој дома си замина со трамвај.
Ова го пренесува “Газета дело Спорт“ прикажувајќи и фото како тоа младиот Нава си стои внатре во трамвајот на пат кон својот дом.
Причината зошто Нава се вози со трамвај е едноставна, тој се уште нема возачка дозвола.
Инаку тој е син на Стефано Нава, поранешен фудбалер на Милан.
Младиот Лапо е член на Академијата на Милан, а беше во записникот на тимот на дербито со Рома и поради фактот што двајца голмани од првиот тим не беа во составот, па тренерот Пиоли мораше да го повика и него.