„Не можам да играм, птица ми ја посра капата, а немам друга“

1313

Комедија на тенискиот меч меѓу Рајли Опелка и Максим Креси во Мелбурн. Мечот беше прекинат поради невообичаена случка. Птица на поминување му ја посра капата на американскиот тенисер кој не сакаше да го продолжи натпреварот.

Поради долгата коса, 26. тенисер на светот, не можел да игра без капа, а немал резервна. Детете што собира топки се понудило да му ја позајми неговата, но била премала.

„Не сакам да играм со посрана капа. Немам друга капа, а ништо не гледам од косава“, му рекол Опелка на судијата.

По неколкуминутна пауза кога видел дека нема да добие нова капа и му се заканува дисквалификација, Опелка со крпата ја избриша капата и го продолжи мечот.

На крајот доживеа пораз (4-6, 7-5, 7-6).

ПретходноПокетино си оди, Зидан од наредната сезона на кормилото на ПСЖ
СледноПрвиот човек на Торино: Протоколите се избрзани и хаотични, огледајте се на Премиер лигата