Ни Реал, ни Барса: Халанд прави трансфер во ПСЖ за 300 милиони евра!

590

На повидок е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот и тоа вреден 300 милиони евра. Како што денеска пишуваат медиумите во Франција, ПСЖ има намера, во случај и дефинитивно да остане без Килијан Мбапе, да го донесе Ерлинг Халанд. Норвежанецот кој е втор најбаран фудбалер во моментов.

Шеиците од ПСЖ се подготвени да го урнат светскиот рекорд во големината на трансфери, и тој да изнесува цели 300 милиони евра.

Познато е дека Реал Мадрид и Барселона се “тепаат“ за феноменалниот напаѓач, но ПСЖ го посакува и тоа во јуни.

Пресметката на “светците“ од Париз е јасна. На Борусија Дортмунд ќе и се плати од 75 до 100 милиони евра за отштета, потоа тука се провизиите на неговите менаџери, Мино Раиола и неговиот татко, а самиот фудбалер ќе има најмалку 30 милиони евра нето годишна плата.

ПретходноЧешката тенисерка во декември влезе во Австралија, сега е депортирана кај Ѓоковиќ
Следно1/8 финале во „Копа дел Реј“: Столе и Рајо против Џирона, градско дерби во Севилја!