По Инсиње уште еден италијански фудбалер оди во Торонто

424

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње ја разбрани фудбалската јавност на Апенините со одлуката да го напушти Наполи и да премине во Торонто каде што ќе игра во МЛС лигата. Клубот од Канада му понуди одлична плата што влијаела на одлуката Инсиње да не го продолжи договорот со Наполи и да направи сосема нов предизвик во кариерата. Пет и пол годишен договор за 11 милиони евра плус 4,5 милиони во форма на бонуси.

Инсиње ќе ја доигра сезоната во Наполи, а потоа ќе оди во Торонто. Во меѓувреме клубот од МЛС работи на уште еден трансфер, а тоа е дефанзивецот Доменико Кришито кој е член на Џенова. Торонто го повика да му се приклучи на клубот уште во јануари, но Кришито одлучил да остане и да и помогне на Џенова во борбата за опстанок, па потоа да оди преку океанот. Toj ќе стави потпис на двегодишен договор.

Кришито има 35-години, оваа сезона одигра 18 меча за Џенова во Серија А. Претходно играше за Зенит и Јувентус.

ПретходноМурињо го провоцираше Милан: Среќен сум што одбив да ви бидам тренер
СледноКутињо оди во Астон Вила – Барса ја прифатила понудата на англискиот клуб