Првиот човек на фудбалот во Габон обвинет за силување млади играчи

173

Серж Момбо, претседателот на Фудбалската федерација на Габон, е обвинет дека силувал млади играчи во замена за ветување дека ќе им помогне во нивните кариери.

Момбо, поранешен полицаец, ги негира наводите. Медиумите излегоа со информација дека тренерот Асуму Хеј, наречен Капело, е негов соучесник, а во скандалот се вклучени уште двајца тренери.

Една од жртвите раскажала за своето искуство за време на камп во 2014 година. Тој и уште двајца играчи биле повикани од Момбо и Капело, кои им објасниле дека за да играат мора да бидат подготвени да им го дадат тоа што го сакаат.

Момбо ги негира обвинувањата и вели дека само се нарушува неговиот углед.

ПретходноЛиверпул договори зимски трансфер вреден 70 милиони евра!
СледноСтигнаа резултатите од тестирањето: Сите репрезентативци се негативни!