Работнички остана без еден странец!

439

Екипата на Работнички во продолжение од сезоната нема да смета на Недим Мустафица. Причината поради која босанскиот интернационалец одлучи да се раздели со тимот од „Градски Парк“ се неисплатените долгови и финансиската криза која владее во таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Странците еднаш направија проблем, беа на клупата за дуелот со Еуро Никел, но не влегоа во игра, како знак на протест поради неисплатените долгови кон нив.

Од Работнички се надеваат на поддршка од главниот спонзор Општина Центар, поточно од средствата која секоја година ги добиваат, како и ваучерот, но прашање е кој од кошаркарките ќе има трпение, додека легнат парите ќе мора да се бара друго решение.

ПретходноБолоња – Интер со службени 0:3 за гостите!?
СледноЧешката тенисерка во декември влезе во Австралија, сега е депортирана кај Ѓоковиќ