Сефер Емини е пред трансфер во ЦСКА Софија. Имено веќе неколку денови се воделе разговори и преговори меѓу него и еден од најголемите клубови во Бугарија. Оваа вест ја пренесува „Инфоспорт.мк“ а ја преземаат медиумите кај нашиот источен сосед.
Инаку познато е дека младиот играч за врска на „лавовите“ долго време преговараше со Шкендија, но сепак очигледно е дека до договор не дошло, па така можно е тој да се пресели во Софија.