И дефинитивно Ралф Рангник, германскиот стратег се покажа како лошо решение на раководството на Манчестер Јунајтед. Аналитичарите од Англија, кои ја следат ситуацијата во еден од најголемите европски клубови, велат дека сега во тимот е уште полошо од времето кога беше Оле Гунар Солскјер. Германецот очигледно е дека не може да се снајде, посебно сета оваа ситуација делува иритирачки врз Кристијано Роналдо. Мега – ѕвездата на „ѓаволите“ не крие дека воопшто не му се допаѓа формацијата од 4-2-2-2 на Германецот и стилот на игра кој сега се форсира. И тој тоа го кажува јавно.
Интересно е дека дури 17 фудбалери на Јунајтед побарале на лето да си одат од клубот ако на клупата остане Рангник.
Се вели дека се случува тотален распад во соблекувалната, од играчите веќе никој не го зема за сериозно се она што го прави или кажува Ралф Рангник.
Сепак има надеж. Барем така се мисли и најавува. Имено денеска речиси сите спортски медиуми во Европа, пренесуваат дека нов тренер на ПСЖ од јуни, ќе биде Зинедин Зидан а на “Олд Трафорд“ доаѓа Маурицио Покетино. Токму тој треба да ја стави ситуацијата под контрола.
Некои пак велат дека тој ќе биде уште полошо решение и од Солскјер и од Рангник. Имено Аргентинскиот стручњак си има и тоа какви проблеми во моментов во неговата соблекувална во ПСЖ
Нејмар, Меси, Мбапе и останатите си прават што сакаат, посебно Меси и Нејмар.