Харви Вејл го впиша вториот настап за Челзи откако влезе во игра на мечот со Тотенхем во првиот полуфинален меч од Лига купот (2:0). Се работи за 18-годишен фудбалер кој тропа на вратата на првиот тим на „сините“, а се работи за офанзивен играч за врска. Тој потпиша профи договор со Челзи во септември 2020 година, а моментално игра за младинските категории на Челзи. На „Стемфорд Бриџ“ дојде со 13 години, а претходно бил член на Фулам.
„Мојот идол дефинитивно е Кристијано Роналдо. Кога бев помлад ја молев мајка ми да ми го смени името во Роналдо. Но од денешна перспектива мило ми е што таа не го дозволи тоа“, изјави Вејл.