Чешката тенисерка во декември влезе во Австралија, сега е депортирана кај Ѓоковиќ

267

Хаос во Австралија. По Новак Ѓоковиќ, со ист проблем со соочува и чешката тенисерка Рената Ворачова. Таа е уапсена и депортирана во хотелот во кој се наоѓа Србинот.

За разлика од него таа во Австралија пристигнала во декември, влегла во земјата, одиграла квалификациски мечеви, а потоа следел шокот.

Во четвртокот ја спровеле во „Парк Хотелот“ иако таа претходно добила медицинско изземање од задолжителното вакцинирање. Причината поради која добила дозвола да влезе е веќе прележаниот Ковид-19.

Но, откако настана целиот хаос со Ѓоковиќ, властите одлучија да и ја поништат визата. Останува да видиме дали и таа ќе се жали исто како и најдобриот тенисер во светот, чија судбина ќе биде позната во понеделник.

ПретходноРаботнички остана без еден странец!
СледноНи Реал, ни Барса: Халанд прави трансфер во ПСЖ за 300 милиони евра!